ќе пројде и недела, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
Ѕвездите

Ѕвездите

И двајцата ги сакавме ѕвездите. Јас уживав под ѕвезденото небо. Можев со саати да гледам во нив, да им се исповедам да ги пребројувам по 100 пати и да заспивам со нив.

– – Ѕвездите… тие мали точки на небото беа причината поради која бевме заедно. Тие не споија тие и не разделија. Додека бевме заедно тие не караа и тие не смируваа. Понекогаш ни недостигаа, а понекогаш ни ја нарушуваа интимата. Ѕвездите тие се “виновни” и виновни за нас.

Таа ги сакаше ѕвездите на тв екраните. Со саати гледаше во нив, мечтаеше за нив и сакаше да биде како нив. И стана (барем така мисли).

– – Случајно или не, денес ги презирам работите што ги сакав, а она ги сака работите што ги презираше. Далечни еден од друг како ѕвездите, секој под своето небо, на свој начин ги доживуваме тие мали точки.

Сеуште трагам по својата ѕвезда водилка, а таа гордо од небото лови нов љубимец, човек кој ке ја возвишува и човек за кој таа ке биде ѕвезда северница, најсјајна, најубава, најбитна… понекогаш и замижувам се лажам дека ништо не ми е потребно, едноставно оставам работите да течат сами по себе – залудно……

Опијен од виното, сигурно ке му се исповедував до бескрај на тој случаен скитник кој ми правеше друштво цела ноќ на нашето место под ѕвездите. Конечно стана и пред да замине проговори:

– – Синко не очајувај, не ги повторувај моите грешки, биди паметен погледни во небото и не заборавај и сонцето е ѕвезда, најсјајна, најубава најбитна……

Инфо за Рицарот

avatar
Лик кој со своите доблести на рицар како мажество, верност, куртоазност и чест се бори во име на љубовта и секоја навидум обична девојка ја трансформира во принцеза.