ќе пројде и сабота, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:

означени со : љубов

Понекогаш…

ponekogas

Понекогаш, пред да заспијам, го запирам времето како што го правев тоа некогаш. Датумот е различен, причината иста. Сеуште уживам во секој миг поминат со тебе, далечна, но сепак блиска за мене. Прикриена позади каменот во моето срце, една и единствена. Понекогаш, кога спијам, те сонувам тебе како што те сонев некогаш. Сонот е различен, ти си иста. Сеуште со прстите ја милувам твојата коса, толку дива, но сепак нежна за мене. Те гушкам под ѕвездите, таму на небото, една ... повеќе »

Дождец

dozdec

Севишниот се беше разлутил како шеф на кујна кога ќе помириса млечен кашкавал у сендвич… Едни камења што попаѓаа од горе, чиниш им го расплакал мамичето мамино на ангелите. Ја па неам навика да носам чадор исто као што неам навика да шеткарам пластичен клон наречен лична карта. За разлика од личната што немав појма во кој град ја имав истресено… чадорот ми беше грижливо спакуван (неотпакуван) потрпен у гепек веднаш до приборот за прва помош, алатот, пумпата и поткршениот ... повеќе »

Пријателски

20101023225703_7

Пријателе, Кога љубовта ќе замине таму некаде… кога судбината ќе ти наплати испивајќи ја последната капка среќа… тогаш, тогаш останува нејзиниот сладок мирис на парфем скриен длабоко во мислите и спомените. Наутро штом се пробудиш прошарај со очите околу тебе, ќе видиш дека останал само креветот што изгледа толку поширок со никој до тебе… Горкиот вкус на првото кафе испиено без вообичаен муабет и полна пепељара што никој не ја чисти бидејќи Она е доволно далеку да не и смета ... повеќе »

Као…

Anti-Valentines-Day-Metal-Playlist

Вчера као да сањав нешо као денес е валентајн и као демек не е трифун… Као пијам утринско кафе спремено од тебе и као лежиш ти до мене… Као ја и ти сме заедно и као Тој и Таа никад не ни биле у нашите животи… Па као демек слепо веруваме у нас и секој заеднички ден као да е приказна за себе… Те гушкам најсилно као да е задњи момент од мојот живот и као да викам фала на ... повеќе »

17644

1545752_10152167565722905_832907199_n

Покрај сите мои чисти обиди и приказ на душа Ме погледнаа како број. Ми ги зедоа обидите, малите насадени дрва на идентитет Сечејќи ги, кришум Тихо Во три часот наутро, кога не бев будна да проговорам и во ред е крв црвено ред. Се запрашав за миг дали тоа ќе ме стори огорчена личност Личност која мрази и се закопала жива Се исплашив од тој гнев во мене И по игра на случајностите те здогледав Тага, оставени лузни во очите ... повеќе »

Неостварен сон

IMG_0479v

За еден миг ќе создадам стихови за тебе од дното на душава ќе ти кажам те љубам, немоќен сум против тебе. За еден ден ќе бидам покрај тебе, најблиску до небото ќе ти го покажам мојот облак, од каде црпам љубов за тебе. За една недела ќе се разбудам покрај тебе, најблиску до сонот ќе бидам среќен, совршено утро, совршена ти. За еден месец нема да сум покрај тебе, длабоко во мислите ќе знаеш каде ми е срцето, кој ми ... повеќе »