ќе пројде и среда, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:

означени со : љубов

Андерграунд

underground

Небото се беше намуртило како теткица од шалтер на студентски прашања… Ја па алергичен на тмурни погледи од високо, во недостаток на чадор, веднаш сменив план за дневни активности. Си закопав лакти на шанкче во кафичот кај што најчесто си ги фрлам парите и почнав уобичаен ритуал. Здрвив една-две и се опуштив ко ластик од гаќа… Скенирам така меѓу женска популација и веднаш вадам закључок поткрепен со факти: чудна работа е шминкава маме му, само 100 грама е разликата од ... повеќе »

Возови, магливи утра и куфер спомени

Steam-train-in-the-fog

Перон број 5. Утринска магла и тишина го испунува малиот град таму некаде. Микс на емоции, желби и скршени срца насекаде. Меѓу нив сум и јас. Полна торба спомени и празен новчаник се единствениот товар што го понесов. Сите ние имаме некоја причина што утрово чекаме воз, мојата е апсурдна. Времето одминува. Уште малце тишината ќе биде нарушена од безброј возови, секој на своја страна кон своите соништа. Но не и јас. Мојата цел е поинаква. Бегам од лошите соништа ... повеќе »

Несоница

_danger__by_the_insomnia_fairy-d4pmqjv

Се разбудија одамна отсонувани страсти заспани, па разбудени ѕверови рикаат, грмат, осила во утробата. Рацеве… рацеве се почесто ми мирисаат на тебе. Чекорите сами не влечат јас кон тебе… ти кон мене… На половина пат гризни ми од бутината страсно голтајќи парчиња живо месо крваво. Распни ја потем оваа радост оти кога тогаш ќе кулминира и ќе боли, пак, баш како што знаеш дека сакам. Во овие јунски ноќи не спијам добро од жештината а и како да спијам со ... повеќе »

Повторно ми тежи денот со мисла и збор

wwww

Сеќавање. ~~~ Моменти среќа. Мигови искреност. И повторно маски, два мига подоцна. Два мига подоцна, друг човек. Човек во оклоп. Оклоп во човек, кој бега од себе. Бегаш од сите. Најубаво бегаше од мене. Избега. За повторно да се вратиш во засолништето. Покрај каминот кој го чував в срце. Но, оганот одамна го згасна. Ги изладив сите јагленосани чуства што ги претвори во пепел. ~~~ Ќе ме жигосува секое сеќавање на тие два три мигови среќа, секој пат кога ќе ... повеќе »

Можеби

Можеби ќе научам, наутро кога ќе станам, најпрво да помислам на себе, наместо на тебе. Можеби ќе научам да ти кажам „Здраво“, без да посакам во истиот тој момент да ти се фрлам во прегратки, исто како што Pepe Le Pew им се фрла во прегратки на убавиците, во оној стар цртан филм. Можеби ќе научам да не те погледнувам потајно, додека седиш со други. Можеби ќе научам да те гледам право во очи, не појавувајќи се никакво чувство во мене. Можеби ќе ... повеќе »

Германката

germankata

Ако прашате некој од копиљациве у маало, со сигурност ќе ви кажат дека и не сум баш некоја филмска ѕвезда, а уште помалку нивни херој. Но шо знае нашава холивудска омладина за квалитетни филмови со збунувачко сиже, изгубена перипетија и кулминација со немогучи расплет. Баш пред некој ден глумев у еден сличен врхунац шо ми се нема десено со години… можда од втора светска војна. Ко резервен војник наоружан со апарат, бев фатен и заробен у една подземна просторија во ... повеќе »