ќе пројде и среда, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:

означени со : љубов

Процеп

procep3

Процеп низ твоите очи ќе беше доволен мала пукнатина за да живееме среќни (луѓето кои седат во смрдливи автобуси се сомневам дека размислуваат за паралелни светови) Минатото не е за запоставување минатото е за држење имам доволно спомени за да ме држат две години Ги споредувам со маица која мириса на тебе. ја мирисам и спијам со неа и во неа се додека еден ден забележам дека веќе го изгубила мирисот Ги споредувам со писмо кое го препрочитувам неколку пати ... повеќе »

Мириса на љубов

bampw-bed-black-and-white-boy-couple-Favim.com-422886

Кога ги отворам очите го чувствувам тој мирис створен по рецепт на моите емоции Толку е примитивно и животински што не можам да разберам колку ми фали твојот мирис Tолку длабоко познат мирис мислам дека можам да го осетам но се лажам… повеќе »

Ѕвездите

zvezdi

И двајцата ги сакавме ѕвездите. Јас уживав под ѕвезденото небо. Можев со саати да гледам во нив, да им се исповедам да ги пребројувам по 100 пати и да заспивам со нив. – – Ѕвездите… тие мали точки на небото беа причината поради која бевме заедно. Тие не споија тие и не разделија. Додека бевме заедно тие не караа и тие не смируваа. Понекогаш ни недостигаа, а понекогаш ни ја нарушуваа интимата. Ѕвездите тие се “виновни” и виновни за нас. ... повеќе »

Снежната

sneznata

Беше тоа една зимска ноќ каде што и мразулците нависнати од околните покриви се чувствуваа ко педер у децембар на нордиско море. Осамен помеѓу двете автобуски постојки чекав тројка ко по навика неколку саата. Не ми беше толку за ладното пошто прстите и така не ги осеќав одамна, ама ми се плачеше за цигариве што ги испушив – кутија швицарско малборо добиена на поклон од тетка ми. Брцнав у џеб да си го пребројам азното и констатирав дека за тие ... повеќе »

Плочникот

plocnikot

Замисли! Со забрзани чекори одев по растресената калдрма кон единственото место на светот. Околните липи се беа разголиле во чест на љубовта, само за мене. Уживав во крцкавите звуци помешани со мирисот на есен и споменот од нејзиниот благ парфем. Вардар чист и мирен како во најдобрите времиња, го одбиваше сјајот од безбројте сини очи на небото. Ветрот дуваше само во еден правец… …до плочникот, што некои го викаат плато. Па добро човече дали ти се верува у сево ова?! ... повеќе »

Математичарка

matematicarka

Кога неќе, неќе… Она мене: Те видов прв пат кога помина во центарот на кружницата. Те сакам како равенка со две непознати. Се однесуваш кон мене како тангенс и котангенс. Зошто некогаш не скршнеш, па нашите патни линии да се пресечат во една точка. Кога мислам на тебе, помислувам на дропки и на систем од линеарни функции. ЗОШТО СЕКОГАШ КАЈ МЕНЕ СИ ДИГНАТ НА КВАДРАТ!? Зошто секогаш сме еквивалентни еден кон друг. Те гледам како множество составено од парни и ... повеќе »