ќе пројде и среда, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:

означени со : љубов

Различна

razlicna

На небото ѕвезда ни преку телескоп… место бисерни школки на плажа сијаат пикавци и ѓубришта. По некој полузакопан камен кој ти крши прст по прст и песок во очи од кој и течат солзи по прашливото лице… Ни трага ни глас од синиот поглед со прајслес насмевка… А не беше вака у сите тие љубовни бестселери! Таму ветрот и ја галеше косата, а јас одев по работ на обалата без да се плеткам у смрдлива тиња… шумот на брановите делуваше ... повеќе »

Лајкерка

lajkerka

Недела… некаде во шпицот на охридската сезона кога Скопје е празно како новчаник на крај од месец… свирка, маалски пациенти, пиво, шток, добро познат стар кафич, нова конобарка… остај што е нова, него и шток точи ко капки за очи. Време е да си одиме – нема леб овде! Уште не бев докажал, непозната женска глутница од друга општина се паркира на сепаре одма до нашиов коњопој и порачува некојси фенси коктел по принцип како први така други… Одма пресврт ... повеќе »

Патникот

patnikot

– Вака не сум се чувствувала одамна… го разгори пламенот во мене… како не те сретнав порано… Говореше нежно и непрекинато. Шепотот на моето уво беше единствениот шум, што ја прекинуваше долгата тишина во таа пролетна ноќ. Осамени на најубавото место во светот, скриени од луѓето но разголени пред месечината, ја милував со очите…. – Посакувам да сме вечно заедно… во добро и зло… да бидеш покрај мене кога утрото го раѓа денот… Со треперлив глас ми ја претскажуваше судбоносната ... повеќе »