ќе пројде и сабота, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:

означени со : падобранец

17644

1545752_10152167565722905_832907199_n

Покрај сите мои чисти обиди и приказ на душа Ме погледнаа како број. Ми ги зедоа обидите, малите насадени дрва на идентитет Сечејќи ги, кришум Тихо Во три часот наутро, кога не бев будна да проговорам и во ред е крв црвено ред. Се запрашав за миг дали тоа ќе ме стори огорчена личност Личност која мрази и се закопала жива Се исплашив од тој гнев во мене И по игра на случајностите те здогледав Тага, оставени лузни во очите ... повеќе »

Во денот кога

girl_with_hand_silhouette_at_sunset-other

Во денот кога е сончев замислена и потонота во идеали еј драга моја надвор е патот внатре е круг во четири ѕида.. фрли ја кутијата во контејнерот од карши побарај ја подоле самопослугата работи таа 24/7. Насмевките се најгоре на рафтот со пајажина не се ниту на попуст го заборавиле и вработените и сопственикот обичен декор за обични луѓе. Во турканиците туркај се и ти пишувај писма на мобилниот додека чекаш да ја украсат насмевката со розеви панделки и шарена ... повеќе »

Се е во ред

Masha-Balashova-PARANOIA-01

Понекогаш загребувам на површината на некоја случајна душа седнувам и размислувам разбирајќи дека е стивнато, дека е мирно дека е добро потоа поплукувам, гризам јазик иако не сум рекла ништо тропнувам три пати на мојата глава Отварајќи некоја врата, некоја заборавена врата кон мозокот. Потоа едно лошо облечено човече излегува има малечки скалички кои ги спушта и се симнува до висината на мојот образ ми мава неочекувано силен шамар и ми вели да престанам да бидам параноична. Дека се е ... повеќе »

Несоница

_danger__by_the_insomnia_fairy-d4pmqjv

Се разбудија одамна отсонувани страсти заспани, па разбудени ѕверови рикаат, грмат, осила во утробата. Рацеве… рацеве се почесто ми мирисаат на тебе. Чекорите сами не влечат јас кон тебе… ти кон мене… На половина пат гризни ми од бутината страсно голтајќи парчиња живо месо крваво. Распни ја потем оваа радост оти кога тогаш ќе кулминира и ќе боли, пак, баш како што знаеш дека сакам. Во овие јунски ноќи не спијам добро од жештината а и како да спијам со ... повеќе »

Повторно ми тежи денот со мисла и збор

wwww

Сеќавање. ~~~ Моменти среќа. Мигови искреност. И повторно маски, два мига подоцна. Два мига подоцна, друг човек. Човек во оклоп. Оклоп во човек, кој бега од себе. Бегаш од сите. Најубаво бегаше од мене. Избега. За повторно да се вратиш во засолништето. Покрај каминот кој го чував в срце. Но, оганот одамна го згасна. Ги изладив сите јагленосани чуства што ги претвори во пепел. ~~~ Ќе ме жигосува секое сеќавање на тие два три мигови среќа, секој пат кога ќе ... повеќе »

Книговодство репрезент

Accounting

Испотен стануваш, те мачи некој кошмар, те чеша лева рака, индикација страшно лоша. Во мрачна канцеларија негде без адреса уште не си свесен, ама гаќи ќе се тресат. До кочани ПП-30-ки купче пари стои, мојата вешта рака судбина ти крои. Да, да, мајмуне, книговодител сум јас, со оштетен вид и подгрбавен стас. Со коректор и пенкала од црвениот комплет го менувам цел свет, и овој свет и оној свет. На носот имам тртка и личам на изрод, животи менувам со ... повеќе »