ќе пројде и среда, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:

означени со : падобранец

Ковчег

6983_4901588583910_1799054804_n

За роденден ми подари ковчег. Мал, дрвен ковчег. Ковчег од резбано дрво, со клучалче. Сега ја разбирам симболиката на таа дрвена кутија. Тајни. Тоа беше подарок со намена и намера. Да ти ги собирам и чувам сите твои тајни. Знаеше дека нема да проговорам. Дела молчеливо како риба ќе ги голтнам сите бисерни перли што ги правеше од моите крлушки. Тајни! Ковчег полн со тајни. Јас и твоите тајни. „Јас, најголемата жена над сите твои жени.“. Јас. Тајни. Ми подари ... повеќе »

Папочна врвка

511691196009890

Понекогаш се случува да спијам со денови, каде и да сум, во апсолутен и непрекинат сон и скоро никој не приметува, и јас половина од времето не приметувам и тогаш би седела со тебе со тивко сино чувство би била тажна или среќна би те дишела најрелаксирано би се плашела кога би имало причина да се плашам би треперела со ново откриена аритмија би се онесвестувала поради ѓаволи поради прекрасни момци со сончеви очи поради тоа што моето тело го ... повеќе »

Помошен водич кроз слободно време

167012-football-manager-logo

На сите нам младите често ни се дешава да имаме фазла саат време и уште почесто ни се дешава да го скурцаме безвезе. Еве алтернативи за 60 минути: Пушти си озбилен албум и ислушај го озбилно. Истрчај пола саат и истуширај се. Направи си нешто асално за јадење. Прочитај озбилна статија во озбилна штампа. Јави ѝ се на женската да се опнете набрзинка, онака другарски или издркај и после дрмни цело чоколадо со епизода од серија. Напиши домашна за на ... повеќе »

Можеби

Можеби ќе научам, наутро кога ќе станам, најпрво да помислам на себе, наместо на тебе. Можеби ќе научам да ти кажам „Здраво“, без да посакам во истиот тој момент да ти се фрлам во прегратки, исто како што Pepe Le Pew им се фрла во прегратки на убавиците, во оној стар цртан филм. Можеби ќе научам да не те погледнувам потајно, додека седиш со други. Можеби ќе научам да те гледам право во очи, не појавувајќи се никакво чувство во мене. Можеби ќе ... повеќе »

Процеп

procep3

Процеп низ твоите очи ќе беше доволен мала пукнатина за да живееме среќни (луѓето кои седат во смрдливи автобуси се сомневам дека размислуваат за паралелни светови) Минатото не е за запоставување минатото е за држење имам доволно спомени за да ме држат две години Ги споредувам со маица која мириса на тебе. ја мирисам и спијам со неа и во неа се додека еден ден забележам дека веќе го изгубила мирисот Ги споредувам со писмо кое го препрочитувам неколку пати ... повеќе »

Градската магла

5348535724_f6371c7557_b

Сакам да се разбудам во град во кој секој разговор нема да се сведе на политичко-историска расправија. Сакам да се разбудам во град во кој ќе може да се пешачи низ него, без да мора да се заобиколуваат автомобилите паркирани по троторите и првавливите градилишта-кратери. Сакам да се разбудам во град во кој кичот и шундот не го угнетуваат андерграундот. Сакам да се разбудам во град во кој ќе можам да се прошетам низ неговиот Центар без да бидам опкружен ... повеќе »