ќе пројде и сабота, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:

означени со : плажа

Градиште шема

gradiste sema

Седам на плажана со Рицар цимерон, се мислам дал да пијам пиво ил да јадам два дена. Музикана трештит пичкине вриштат, келнеркине трчат, пивана фрчат. Вода со кафено немат з’ш скопјанишчана требит појќе да платат, така е кога имат оФци за стрижејне уште мало стотче ке барат и за капејне. За такси ич не прашвит ценана е шо да ти кажвам, ај појќе да не зборвам ме чекет на плажа. повеќе »

Кај и да си у Август у Кушадаси да си!

EUROPE___MEDITERRANEAN_TURKEY_CON_TUR__TURKEY_-_IZMIR_KUSADASI_RES_000454_

Со девојчето под рука си неаме мука, 20 часа у аутобус незгодни ко абортус. Мераба, мераба чајче, баклава. Хотелче, базенче, винце на балконче. Еротска масажа на дивосвињина плажа Крстарење со брод нема боље провод Сонце и плажа голема ладам гузица у вода солена Ефес пивце ладно макар било и задњо Вака до сто и една да имав полна книшка штедна Кога тогаш мора да се вратиш за секој мерак вреди да си платиш повеќе »

Охрид до Ѓорче

ohridskoezero5

Глеам на фејсбукон…охриѓанишчана напраиле група. „Се молет скопјанишчана да не мочет појќе во езероно з’ш го преполнаја.„ Место среќни да бидет шо ќе им се зголемит ензероно, та како море ќе им станит, тие одма р’чки прает. Пљус, двеве страни аер ќе видиме. Ем ние скопјаниве ќе имаме ензеро, пошо као шо се заулаило, ќе стигнет до Ѓорче, ем охриѓаниве ќе се фалет дека немает веќе ензеро, туку море. А и за сол пари не ќе давает, пошо ко шо ... повеќе »

Различна

razlicna

На небото ѕвезда ни преку телескоп… место бисерни школки на плажа сијаат пикавци и ѓубришта. По некој полузакопан камен кој ти крши прст по прст и песок во очи од кој и течат солзи по прашливото лице… Ни трага ни глас од синиот поглед со прајслес насмевка… А не беше вака у сите тие љубовни бестселери! Таму ветрот и ја галеше косата, а јас одев по работ на обалата без да се плеткам у смрдлива тиња… шумот на брановите делуваше ... повеќе »