ќе пројде и сабота, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:

означени со : скопје

Охрид до Ѓорче

ohridskoezero5

Глеам на фејсбукон…охриѓанишчана напраиле група. „Се молет скопјанишчана да не мочет појќе во езероно з’ш го преполнаја.„ Место среќни да бидет шо ќе им се зголемит ензероно, та како море ќе им станит, тие одма р’чки прает. Пљус, двеве страни аер ќе видиме. Ем ние скопјаниве ќе имаме ензеро, пошо као шо се заулаило, ќе стигнет до Ѓорче, ем охриѓаниве ќе се фалет дека немает веќе ензеро, туку море. А и за сол пари не ќе давает, пошо ко шо ... повеќе »

Приколка

electric-car-with-trailer1

Си беше една кола. Ама добра кола (по душа). Живееше слободно, без некои обврски и приоритети у животот. Често сакаше да се брка по скопските улици со другарчињата од маало или онака без причина да вози натака навака колку да се издува. Времето течеше а колата растеше и растеше. Иако кука за приколка и порасна одамна, сепак не се чувствуваше спремна да влече за сериозно. Така и помина младоста во фати-откачи на многу приколки. Некои вредни, други небитни да се ... повеќе »

Кај што е тенко, таму се кине

line 1

Тенка е границата меѓу пролет и лето во Скопје меѓу шампита и тровање меѓу „маче мое“ и “копиле себично“ меѓу црвено и жолто во четири сабајле во сабота меѓу точак по Партизанска и точак на Партизанска меѓу најбољи другар што ти зема од нутелата и душман меѓу жут картон и опомена меѓу ваздух и отров во Скопје меѓу добро дркање и лош секс меѓу семки на 31-ви и ѓезме на 1-ви меѓу потпросечна хигиена и сериозна инфекција меѓу Крива Паланка ... повеќе »

Градската магла

5348535724_f6371c7557_b

Сакам да се разбудам во град во кој секој разговор нема да се сведе на политичко-историска расправија. Сакам да се разбудам во град во кој ќе може да се пешачи низ него, без да мора да се заобиколуваат автомобилите паркирани по троторите и првавливите градилишта-кратери. Сакам да се разбудам во град во кој кичот и шундот не го угнетуваат андерграундот. Сакам да се разбудам во град во кој ќе можам да се прошетам низ неговиот Центар без да бидам опкружен ... повеќе »

Провинцијалка

left_bride

Еј Персо, еј девојче селско Везден седиш в село И планови кроиш Како да побегнеш Во Скопје да дојдеш За навек да останеш Еј Персо, еј девојче селско Љубовта ја батали План убав скрои На факултет се запиша Во Скопје се пресели сакаш да останеш Ни леб ни вода Твоите по дома А ти по Скопје Тело си продаваш И во секој втор Демек се заљубуваш Еј Персо, еј девојче селско Косата ја изми Јазикот го смени Спасе го ќари ... повеќе »