ќе пројде и недела, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:

означени со : сметка

Книговодство репрезент

Accounting

Испотен стануваш, те мачи некој кошмар, те чеша лева рака, индикација страшно лоша. Во мрачна канцеларија негде без адреса уште не си свесен, ама гаќи ќе се тресат. До кочани ПП-30-ки купче пари стои, мојата вешта рака судбина ти крои. Да, да, мајмуне, книговодител сум јас, со оштетен вид и подгрбавен стас. Со коректор и пенкала од црвениот комплет го менувам цел свет, и овој свет и оној свет. На носот имам тртка и личам на изрод, животи менувам со ... повеќе »

Радничка

rambo

Откако Уметник остави, пиано црно електрично, во соба со чаршав покриено, и со автобус отиде, пакети да реди во Веропулос, лицето му се измени, веѓи паднаа надолу и усти свија кораво. Не беше Уметник роден, за тија пусти пакети! пакети – тешки најтешки. пакети – црни прљави. Прв месец помина Уметник плата не зема; втор месец помина плата на сметка пристигна. Се потроши за два дена, остана празна сметката. Не беше Уметник роден, за тија пусти маркети; маркети грчки – ... повеќе »