ќе пројде и сабота, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:

означени со : сон

Неспокој

Full_Moon_Night_by_TheTrueAngel

Празни луѓе, полна месечина. Осамен талка, изгубен во темнината, заробен во сонот, само месечината, му ги гледа солзите. Во цигарата и дождот го бара својот мир. Димот од цигара исчезнува, како душата, за миг, вкусот се врежува, длабоко, преку секое сетило. Мирисот на полноќен дожд... повеќе »

Као…

Anti-Valentines-Day-Metal-Playlist

Вчера као да сањав нешо као денес е валентајн и као демек не е трифун… Као пијам утринско кафе спремено од тебе и као лежиш ти до мене… Као ја и ти сме заедно и као Тој и Таа никад не ни биле у нашите животи… Па као демек слепо веруваме у нас и секој заеднички ден као да е приказна за себе… Те гушкам најсилно као да е задњи момент од мојот живот и као да викам фала на ... повеќе »

Неостварен сон

IMG_0479v

За еден миг ќе создадам стихови за тебе од дното на душава ќе ти кажам те љубам, немоќен сум против тебе. За еден ден ќе бидам покрај тебе, најблиску до небото ќе ти го покажам мојот облак, од каде црпам љубов за тебе. За една недела ќе се разбудам покрај тебе, најблиску до сонот ќе бидам среќен, совршено утро, совршена ти. За еден месец нема да сум покрај тебе, длабоко во мислите ќе знаеш каде ми е срцето, кој ми ... повеќе »

Патникот

patnikot

– Вака не сум се чувствувала одамна… го разгори пламенот во мене… како не те сретнав порано… Говореше нежно и непрекинато. Шепотот на моето уво беше единствениот шум, што ја прекинуваше долгата тишина во таа пролетна ноќ. Осамени на најубавото место во светот, скриени од луѓето но разголени пред месечината, ја милував со очите…. – Посакувам да сме вечно заедно… во добро и зло… да бидеш покрај мене кога утрото го раѓа денот… Со треперлив глас ми ја претскажуваше судбоносната ... повеќе »