ќе пројде и сабота, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
17644

17644

Покрај сите мои чисти обиди и приказ на душа
Ме погледнаа како број.

Ми ги зедоа обидите, малите насадени дрва на идентитет
Сечејќи ги, кришум
Тихо
Во три часот наутро, кога не бев будна да проговорам

и во ред е
крв црвено ред.

Се запрашав за миг дали тоа ќе ме стори огорчена личност
Личност која мрази и се закопала жива
Се исплашив од тој гнев во мене
И по игра на случајностите те здогледав

Тага, оставени лузни во очите и лицето
И топлина
Многу топлина и љубов.

Разбрав
Дека сакам да бидам како тебе кога ќе пораснам.

Автор: Емилија Славковска

Инфо за Падобранци

avatar
Надворешни соработници.