ќе пројде и недела, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
Бест кејс синарио

Бест кејс синарио

          Еден студент стои на тротоар свртен со лице кон улицата што го дели од драгата факултетска зграда и желбата да ја мине истата таа му расте по геометриска прогресија. На 150 метри од него наближува еден 18-годишен имотен господин со голема германска кола на таткото свој и воедно на мобилен телефон се договара со другар во која кафеана вечер ке прават шема. За несреќа, студентот е во депресија поради неколку паднати испити во верига и не ја забележува траекторијата на сељакот и не го проценува трезвено приближното време – Т1, за кое истиот би ги изминал горенаведените 150 метри.

          Сценарио 1: Студентот ја претрчува улицата, токму пред големата германска кола.
          Реперкусии: Студентот стигнува на време со документите на СП, а сељакот се расфрла со невкустни зборови и му објаснува на соговорникот од другата страна на етерот какви сељаци шетаат по светот.

          Сценарио 2: Младичот кому му виси мобилка од увото е син на професорот кај кого студентот утре полага. Студентот неблаговремено ја претрчува улицата и доаѓа до колизија меѓу него и ценетиот автомобил, притоа предизвикувајќи минорна дисторзија во формата на предниот браник на автомобилот( нормално, во сопственост на професорот ).
          Реперкусии: Потрес на мозокот, скршеници, модринки и отоци. Студентот не стигнува на СП. Студентот успешно го положува испитот наредниот ден, иако на денот на полагање се наоѓал на интензивна нега.
          Официјален полициски наод: Студентот тврди дека небрежно и несовесно се сопнал и паднал на улица пред возилото додека тоа се движело со пропишана брзина.

          Сценарио 3: Студентот го препознава автомобилот на професорот и по првиот чекор застанува да го пропушти. Синот на професорот е зафатен со разговор и продолжува по истата траекторија притоа правејки го сол ретровизорот од  најдолните три десни ребра на пешакот-студент.
          Реперкусии: Возачот излегува, се расфрла со невкусни зборови и јасно го потенцира својот социјален и финансиски статус со зборовите: ” Можам да те купам со се фамилија бе клошариште едно. Види се бе на што личиш!”. Студентот во истиот временски интервал се витка од болки додека господинот син на професорот му запишува податоци за да се јави кај студентот и студентот да му надомести за неправедно нанесената штета.
          Понатамошни реперкусии: Студентот ја плаќа штетата и вкупното време на студирање на студентот – Т2, неизбежно се пролонгира во недоглед. Синот на професорот добива забрана за возење на татковиот автомобил во наредните 30дена и е приморан да се клошари во сопственото “Пежо”.

          Блажена реалност: Студентот навремено го забележува автомобилот , го препознава и трезвено расудувајки, го пропушта…

Автор: Бичкаџија

Инфо за Падобранци

avatar
Надворешни соработници.