ќе пројде и среда, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
Градската магла

Градската магла

Сакам да се разбудам во град
во кој секој разговор нема да се сведе
на политичко-историска расправија.

Сакам да се разбудам во град во кој
ќе може да се пешачи низ него, без
да мора да се заобиколуваат
автомобилите паркирани по троторите
и првавливите градилишта-кратери.

Сакам да се разбудам во град
во кој кичот и шундот не
го угнетуваат андерграундот.

Сакам да се разбудам во град во кој
ќе можам да се прошетам низ неговиот
Центар без да бидам опкружен од
американската комерцијална поп-култура
и мојата површна глупава YOLO генерација.

Сакам да се разбудам во град во кој
не мора да се напраиш летва пијан
за да можеш да кажеш дека убаво си
го поминал викендот.

Сакам да се разбудам во град во кој
ќе можеш да влезеш во „Хемингвеј“
без да бидеш проследен од 100 неми прекори
поради тоа што не си облечен
според нечии туѓи сфаќања.

Сакам да се разбудам во град
во кој цртањето графити е легално
и не еднакво на на вандализам, туку на уметност.

Сакам да се разбуам во град во кој
лебарки нема да се шетаат низ
Чаирската гинекологија.

Сакам да се разбудам во град во кој
нема единствена убава вест да биде дека
нашите добиле бронза на Параолимпијадата.
(Без навреда и сета почит кон овие луѓе!)

Сакам да се разбудам во град,
во кој по македонски се анализираат
стиховите од Ристо Вртев и од Игор Џамбазов,
од Дарко Рундек и од Џорџе Балашевич,
од Боб Дилан и од Џим Морисон…

Сакам да се разбудам
во весел град,
во чист град,
во вобзудлив град,
во град во кој ќе се прифатиме,
ќе сакаме да се прифатиме:
Македонец со Албанец, Турчин, Циган,
со Србин, Влав, Босанец,
Дизелаш и Кремец со Металец и Панкер,
Аеродеомец со Центарец,
Богаташ со Сиромашен,
***овец со ******овец,
и заедно, како гром до ведро небо
да го исчистиме Скопје од…
неговата тешка магла.

Но, за да се разбудам,
треба најпрво да успеам да заспијам.

Автор: Исток

Инфо за Падобранци

avatar
Надворешни соработници.