ќе пројде и среда, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
КАКО?

КАКО?

Зборот ‘’Kако” како феномен на секојдневието.
Не знам и јас самиот како, се натерав да напишам нешто после долго време и да го клам ете тука, да прочита народот т.е. пријателите лево-десно, ама после толку време прашувајќи се самиот себе за се околу мене (нас) и моето (нашето) живеење, барав, а можи да се речи дека и сеуште барам одговор на прашањето “Како?”

Како? – Ете така… Некако…!

Сфатив дека ова е вистинскиот одговор на ова прашање.
Објаснувањето е многу просто, да не речам банално, ама се шо функционира, без и со наша волја, може да наиде на препреката наречена “КАКО”
Ова на сите ни се има случено во секојдневниот живот кога ке останиме барем малку сами и ко ќе гледаме на телевизија нешто, пред собрание, в кафич, во ноќен клуб, на улица, дома,…Со еден збор насекаде..

– Пример гледаш некој олош со некоја препаметна..и си викаш КАКО БЕ БРАТ оние двајцата заедно..ДАЛИ Е ТО МОЖНО, и дали можи некој да ми објасни како?(и обратно – да не се вреѓаме!)
– Иди сметка за струја 5000 и си викаш, абе јас ај студент, под туѓа капа живеам, ама ко ке ти пуштат пари и си викаш..како бе брат на пример мајка ми или татко ми, како ги заработиле овие 5000 да ми пуштат за да платам? Со мака или без? Терет сум или не? Можат или неможат да ме издржават? Си викаш еееееј…замисли има некој 5000 денари и социјално не земат, а јас за струја ги давам? Е сеа, тие, како опстојуваат со 5000 денари шо јас ги давам во 5 минути во поштата, а тие целиот месец туркат? Како издржват?
– Иди испитна сесија и си викаш…брат..јас немам положено 3 од непарниот семестар и еден од парниот од лани..И си викаш..Јас ке паднам шо ќе паднам ако полагам 3 наеднаш, дај да си спремам 1 како чоек, а тој другиот јеби га…Ќе го презапишам..А..чекај бе малце..Ако го презапишам, за кој к**ац па фрлат пари по мене да учам, а јас седам се изживљавам, пијам кафиња, спијам до 5 после ручек, ни ден знам ни ноќ знам? Како јас ке се оправдам, макар и не е оправдување во целост, и да кажам фино поштено дека учев и дека тешко беше и неможев да положам, а не дека го преспав терминот и дека претешки беа прашањата, дека се спаковав и си излегов..како демократ..и слободен..
Како бе брат? Ај кажи како?

Друго..
Просперитетот како просперитет, никој не можи да го предвиди и да кажи јас ќе бидам еден ден успешен, ќе имам ваква фирма таква фирма, без разлика шо и тој си учи факултет за да добие некоја насока како би живеел понатаму и од то да вади леб.
И само си велиме, абе брат..ќе бидам јас просперитетен? Ќе можам да створам фамилија едно друго, да издржавам некој, самиот да се издржавам..Или ќе бидам клошар? За на крајот – да се прашаш КАКО, ќе стигнам до утопијата наречена просперитет?
Пуштам телевизија и слушам дека во Mакедонија немало криза, демек дека сме добро развиени и голем процент ситуирани и се натаму..И сеа си викам во паметот КАКО тие нивни приврзаници верват дека во македонија нема криза? Дека нема безпарица? Дека е мирно? Како можат во то да верват?
К А К О?
Од друга страна на медалот, излегол тој со микрофон кај мене пред зграда пеј ли пеј, мозокот ми го падна, и собрал 30 луѓе прај протест, се буни, не работи – штрајкува…Правда бара..Абе..правда сите бараме ама….Изгледа не е во нашата држава правдата..А можи и е ..
Сигурно е технолошки вишок..се крие дома и само гледа и се чуди..или се смеј..Кој знај и на правдата КАКО му е, со вакви мајмуни од народ во државата Република Банана Држава.

Друго.
Јас лично знам (и машки и женски) шо биле а и денес се невидени тиквари, не зборам дали биле образовани и учени, туку тиквари – тиквари..баш..да не лежат 3 муабети во нив.. Без разлика дали се прај муабет за фудбал, ракомет, мравките и мувите, астрална проекција, луцифер и данте, скопје, битола, авганистан, клинтон, рап, реге меге, жени, педери, селани…Абе за било шо и да си зборнел со нив прави трупци ..Зборот – алтан, ама никако да излези тој пусти збор.
И сеа ко ке ги видам на слики ( a и во живо) по кафичи и дискотеки, пијат ехаааа, се веселат, кршат чаши, расположени дотука бидва, мислиш лото му падна..И си викаш како бе брат? Како овие сите џаболебари ни прат нешто во животот, ни се занимават со спорт да речиш, ни со наука, ни работат, абе ништо ништо..е така како фрлени во заедницата, а од друга страна, стросани, пицнати, абе пичку матер..КАКО се смеат до уши? Од кај црпат? Која е нивната сатисфакција во животот, па заради неа да се толку среќни и весели? Како функционира то, а и тие во него?

Друго.
Слушам, а и гледам на јутуб, млади надежни хип-хоп артисти, 2 години постојат, имат 4 албуми, 5 спота на песните, нивни студиа, опремени, па од то и бизнис терат? Онака гледаш од некој агол и си викаш? Мартин, ти од Битола си? Или од Харлем? Демек тој наполнил 18 години, толку многу се усовршил во то шо го праел, толку е испраксиран, шо јас од 2006 прв пат ко снимив кај Владе дома песна-и, на микрофон, до денес имам снимено сигурно едно 10 тина песни..До 15 максимум.. (со бројките карикирам) А албумот го планирам и го терам,па не се сеќавам од кога..
А кај се албумите шо тие ги имат снимено? Па спот? Иту не еден..Три, четири..Не снимани со камера обична..туку со камера – камера во ХД снимак бре ееј…
Како бе брат? Како? Од каде пари бе брат? Спотот пари кошта, за лепе очи кој ти снима спот денес? Само татко ти и мајка ти денес за без пари нешто можат да ти дат, да не речам поклонат..Друг..не познавам..

Друго.
Тој вози мерцедес, шо вика Сашко Коцев, нема многу поминато, 300-400 илјади, и застанат на паркинг, 3 и пол сабајле, џамот подотворен: Мамо еве сега идам.. Уште 15 минути и дома сум..Те молам..Сам ќе си турам утре бензин..А та до него се држи за челото, му се смеј в лице и неќам да знам шо си вели во паметот.. А пред то возел југо со неонки, средено од егзибит, онај од пимп мај рајд, со фолија на џамојте..Југо бе брат југо..Е..кој лажи ќор д’умри.
И си викаш како бе брат? Па која будала од татко и мајка му даде на ова лајно да вози кола, тој незнај два по три колку е, опнал сако и ципела шпиц пијан ќор, се лигуши како некој глуп (a пред мајка му бајче – се разбира)…
Па си викаш како му е на овај бе брат? Та и на та до него? Дали и та е толку тралалајка? Како му е? Е така му е, како му е….Некако.

Друго (Со ова друго како Петар Арсовски изгледам во Досие Скопје )

Друго..шо друго..има еден куп..ако земам да пишам можам до утре, дали вреди или не, то не коменитрам..не е ни битно во случајот. Туку битно е, шо и ми беше муабетот, да не се прашвате по многу КАКО? КАКО ова, КАКО она? КАКО му е на Грујо ко ке си легни, како му е на Бранко ко ќе стани, како му е на сељаците шо не ја знат азбуката, како му е на професорите ко ќе не ти дават 1 поен за да имаш 6-ка мочана, како му е на твојте дома да те издржават, како му е на другар ти шо е 123456789.0 километри од тебе, како му е на Меси ко ќе дава по 20 гола, на Роналдо ко ќе трча со 1234 км на сат, како му е на тие шо возат мерцедес а немат пари за резервар од тико да наполнат, како му е на сељанките шо ги прчат муцките на фб и на билдерите шо ги клават сликите како на натпревар за стегање да се, како му е на менаџерите шо не знат дека дуле и коЌи :) неможат поќе да пеат, браќата плуќа немат поќе за дишење, а не за пеење, како му е на звонко шо го брукат и се сељачат, како му е на великанот Ориѓански шо душата ја има остаено за македонската музика а неговото дело кошта 7 евра во 30 години(како шо добро прочитав), како му е на тој шо нема платено за семестар а парите ги потрошил в казино или в кладилница, како му е тој шо работи во 188 или в пожарна, сеедно , како му е на тој шо му ја креват колата со пајакот – од 30 можни други коли, како му е на другар ти ко ќе положи или падни, ко ќе се напафка или ко ќе се испијани, како му е на госпожите од пред МТВ, како му е на шоферот кога некој пешак ќе му помини на црвено, како му е на Еминем толку многу фс шо рецитира, како му беше на мрчако ко се јавуваше во 4 сабајле пред 20 години да се драпа со народот…абе на сите и на се..КАКО МУ БЕШЕ, КАКО МУ Е и КАКО ЌЕ МУ БИДИ?????? Поштедете се, не се прашвајте.. ЕТЕ ТАКА му е…НЕКАКО..

ИМА во Битола едно списание се вика – БЕЗ НАВРЕДА, од чичко Панде Димитровски. (барем порано беше од него, ако не е поќе, клајте ги глаголите во минато…ма да препоставувам дека уште постои)
Јас само ќе го искористам насловот.
А за исклучоците, рака на срце, постоеле и ќе постојат. Капата долу за нив.

ПС Има уште многу, многу други работи..Ама ги оставам за наредна прилика, ако има некогаш воопшто таква…

Поздрав до сите тврдокорни, искрени и реални луѓе.

Искрено ваш Мартин Мишевски

Инфо за Падобранци

avatar
Надворешни соработници.

Еден коментар

  1. avatar

    како сеа да не напишам коментар? .)