ќе пројде и понеделник, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
Книговодство репрезент

Книговодство репрезент

Испотен стануваш, те мачи некој кошмар,
те чеша лева рака, индикација страшно лоша.

Во мрачна канцеларија негде без адреса
уште не си свесен, ама гаќи ќе се тресат.

До кочани ПП-30-ки купче пари стои,
мојата вешта рака судбина ти крои.

Да, да, мајмуне, книговодител сум јас,
со оштетен вид и подгрбавен стас.

Со коректор и пенкала од црвениот комплет
го менувам цел свет, и овој свет и оној свет.

На носот имам тртка и личам на изрод,
животи менувам со кумулативен извод.

Име не ми знаеш, ни од што сè сум болен,
не знаеш ни кој материјален трошок е дозволен.

А јас ти ги држам парите за пивце во маало,
зашто јас ја водам фирмата на татко ти, будало!

Пред мене имаш само примерно поведение,
газот си го бришам со извршно решение!

Со годишна даночна пријава ти мавам перенде,
праќам трудова инспекција до кожа да те одере.

Со шалтерџиките од УЈП на кафенце си идам,
цел божји Централен регистар по име го знам.

Со бројче си во банка како задња избеглица,
а јас ти давам шипак од шалтер за правни лица.

Двојка на спид-дајл ми е пазарен инспектор,
на тројка мајка ти, па од царина директор.

Нема со мене играње ни кур, а ни ташак,
оделото ми е испрљано од запршка и грашак.

Кога во далечина ќе видиш молња да светка,
ќе знаеш дека идам со завршната сметка.

Завршна сметка, мадафака!

Автор: Бичкаџија

Инфо за Падобранци

avatar
Надворешни соработници.