ќе пројде и сабота, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
Контрасуицид

Контрасуицид

Иако не добивме датум за преговори за еден ден, перспективно, да возиме поевтини голфови, сепак има причини да се продолжи да се живее; еве ги во внимателно оценет редослед по важност:

  • За да се хејта Драган Вучиќ.
  • За да продолжиме да стоиме зинати и вчудовидени пред невидената издржливост на домашната валута под бремето на мошне видливиот инфлаторен притисок.
  • За новата сезона Breaking Bad.
  • За да протестираме кога овој ќе ни изгради топилница во Љубаништа.
  • За да видиме дали ќе победат партизаните или Германците (мада Германија некако има повеќе шанси да земе светско од Југославија).
  • За чисто брашно.
  • За да си дочекаме 20% од нашите сограѓани да извадат бугарски пасоши и бугарски да ни стане официјален јазик, па рекламите за лекови на бугарски кога на крај набрзински ги кажуваат контраиндикациите да дојдат и кај нас, да се посмееме зашто и ние сме луѓе.
  • Зашто сезонава <smvjrdrt Imoyrf сигурно не земаат титула.
  • За да се гледа директен пренос од бегањето на Берлускони од затвор на РАИ2.
  • За да видиме како ќе заврши циркусот Горна поранешна Поранешна бившојугословенска Република Повардарска Македонија (Скопје Север).
  • За да видиме дали Миријам Геснер конечно ќе стане дел од женската биатлонска елита.
  • Зашто колку и да е тиње, барем не си 12-годишно силувано и бремено девојче со „Калашников“® во паравоена единица во Руанда.
  • За кур ќеиф.
  • За да си дочекаме Скопје да стане балкански Менхетн, никој што живее во него да не е роден таму.
  • Зашто сезонава Ливерпул ќе се бори за топ 4.
  • За да има кому да му смрдат и јадат гомна пензионерите во автобус во вторник, петок, сабота, па дај Боже и во понеделник, среда и четврток. Во недела се одмара, молим лепо. Ни Симон Визентал не работел седум дена во неделата.
  • Зашто Хомер не би се предал.
  • За да ги видиме коментарите на фб под новите слики од Грчка од летово на профилите на локалните лепотици. „Леле! Маци/Цуци, многу ти е мазно вагинчето! Топ си! Кис4е!“ (Yeah, you know who you are, you sick fucking maniacs)!
  • И последно и најважно, од инат да не се умре пред она бабиштено погано на англискиот престол. Мислам, преку кур више!

Автор: Бичкаџија

Инфо за Падобранци

avatar
Надворешни соработници.