ќе пројде и среда, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
Можеби

Можеби

Можеби ќе научам, наутро кога ќе станам, најпрво да помислам на себе, наместо на тебе.

Можеби ќе научам да ти кажам „Здраво“, без да посакам во истиот тој момент да ти се фрлам во прегратки, исто како што Pepe Le Pew им се фрла во прегратки на убавиците, во оној стар цртан филм.

Можеби ќе научам да не те погледнувам потајно, додека седиш со други.

Можеби ќе научам да те гледам право во очи, не појавувајќи се никакво чувство во мене.

Можеби ќе научам да престанам да ги слушам твоите воздишки, кога се наоѓаме во оној стар амфитеатар преполн со луѓе.

Можеби ќе научам да не треперам, секогаш кога ќе го слушнам твојот глас.

Можеби ќе научам да не те проколнувам , секој пат кога другарите мои ќе го спомнат името твое.

Можеби ќе научам да ти кажам  ТЕ САКАМ, без навистина да го мислам тоа.

Можеби ќе научам како да те преболам.

Можеби ќе научам……. Не знам…… Можеби

Автор: Еден Петар

Инфо за Падобранци

avatar
Надворешни соработници.