ќе пројде и понеделник, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
Несоница

Несоница

Се разбудија одамна отсонувани страсти
заспани, па разбудени ѕверови
рикаат,
грмат,
осила во утробата.

Рацеве…
рацеве се почесто ми мирисаат на тебе.

Чекорите сами не влечат
јас кон тебе…
ти кон мене…
На половина пат гризни ми од бутината
страсно голтајќи парчиња живо месо
крваво.

Распни ја потем оваа радост
оти кога тогаш ќе кулминира
и ќе боли, пак,
баш како што знаеш дека сакам.

Во овие јунски ноќи не спијам добро
од жештината
а и како да спијам
со толку снег на трепките?

Со дланката го прекривам носот
и те дишам…
Дишам…
големи голтки
сеќавања.

Автор: Снежана Стојчевска

Инфо за Падобранци

avatar
Надворешни соработници.