ќе пројде и четврток, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
Помошен водич кроз слободно време

Помошен водич кроз слободно време

На сите нам младите често ни се дешава да имаме фазла саат време и уште почесто ни се дешава да го скурцаме безвезе.
Еве алтернативи за 60 минути:

Пушти си озбилен албум и ислушај го озбилно.
Истрчај пола саат и истуширај се.
Направи си нешто асално за јадење.
Прочитај озбилна статија во озбилна штампа.
Јави ѝ се на женската да се опнете набрзинка, онака другарски
или издркај и после дрмни цело чоколадо со епизода од серија.
Напиши домашна за на курс.
Качи се на Водно.
Прочитај краток расказ.
Измиј садови и исправосмукај.
Нареди ги дисковите и книгите по азбучен ред.
Јави му се на другар ти, части го две топки у Палма и отворете се.
Дефрагментирај го компјутерот и среди тоа хаосот на декстоп.
Гледај хајлајтс од последните три победи на саканата екипа.
Темелно провери што има од претстави/концерти/настани низ градот.
Исчисти асално, не се лажи со правосмукање само.
Оди на бербер.
Сврти крукче у парк.
Израчунај каде би одел на одмор ако штедиш, ама ептен.
Види што бендови има на Егзит и размишљај дали би идел.
Симни се од Водно, пошто за саат време можеш само да се качиш.
Изгланцај ги појачалото и звучките, темелно и со мерак.
Направи по пет серии стомачни, склекови и грбни.
Оди со точак до Маџари да видиш дали стварно.
Ако немало врска, пробај во Ѓорче.
Истепај ги сите муви по дома.
Измиј му ја колата на комшијата.
Мавај си ја главата од ѕид, трчај околу маса, исечи нокти, слушај како се караат
комшиите, седи пред зграда на клупа, помогни и на мајка ти со ајварот, види
што има позади виножитото, аплицирај за енглеска виза, сади тикви со ѓаволот,
па крши си ги од глава, што било…
Само немој да пушташ менаџер.
Никако да пуштиш менаџер.
НИКАД ВИШЕ МЕНАЏЕР!

Автор: Бичкаџија

Инфо за Падобранци

avatar
Надворешни соработници.

4 коментари

  1. avatar

    Сигурно пак имаш пуштено менаџер =)

  2. avatar

    Немам! Од февруари! BUT: Пред три дена ми пратија линк за кракната 2013 (не е од Skidrow, туку од некои нови, Итаљани биле) и мејлот ми стои маркиран како важен. Немам инсталирано. Еве http://kickass.to/football-manager-2013-proper-cpy-t7408450.html

    • avatar

      за пиратерија се иде апсана ^^

      бтњ trophymanager.com ако веќе сериозно сакаш да се занимаваш со менаџирање :)

      • avatar

        не е пиратерија, јас само ги наплаќам енормните маркетиншки услуги што јас и брат ми сме му ги пружиле на брендот. ја играВме од 00-01. Mark Kerr.