ќе пројде и петок, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
Повторно ми тежи денот со мисла и збор

Повторно ми тежи денот со мисла и збор

Сеќавање.
~~~
Моменти среќа.
Мигови искреност.
И повторно маски, два мига подоцна.
Два мига подоцна, друг човек.
Човек во оклоп.
Оклоп во човек, кој бега од себе.
Бегаш од сите.
Најубаво бегаше од мене.
Избега.
За повторно да се вратиш во засолништето.
Покрај каминот кој го чував в срце.
Но, оганот одамна го згасна.
Ги изладив сите јагленосани чуства што ги претвори во пепел.
~~~
Ќе ме жигосува секое сеќавање на тие два три мигови среќа, секој пат кога ќе ги навратам, зашто болат. Боли твојот недостиг на храброст да бидеш искрен, наместо да си го криеш ликот позади завесата над твојата сцена.
~~~
Животот не е театар, а ние не сме глумци во долгометражен филм. Луѓе сме. Осмели се да почуствуваш. Ако останало нешто камено, налик срце во твоите гради.

Автор: Сања Бежовска

Инфо за Падобранци

avatar
Надворешни соработници.