ќе пројде и среда, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
Процеп

Процеп

Процеп низ твоите очи ќе беше доволен
мала пукнатина
за да живееме среќни

(луѓето кои седат во смрдливи автобуси
се сомневам дека размислуваат за паралелни светови)

Минатото не е за запоставување
минатото е за држење
имам доволно спомени за да ме држат две години

Ги споредувам со маица
која мириса на тебе.
ја мирисам и спијам со неа и во неа
се додека еден ден
забележам дека веќе го изгубила мирисот

Ги споредувам со
писмо
кое го препрочитувам неколку пати на ден
се додека не избледе пишаното
го читам, поминувам со прстите каде некогаш имало букви
ги мрморам зборовите научени
наизуст
зборовите научени наизуст..
погрешно, се разбира.

Минатото не е за заборавање, за држење е
имам резерва добри спомени

Моменти поради кои сум живеела и живеам
во овој раскалашен мрак, тмурни и роботски ликови
овде каде
најчистите се
со најголема тага во очите

И ти би сакал
да заборавиш се.

Автор: Емилија Славковска

Инфо за Падобранци

avatar
Надворешни соработници.