ќе пројде и среда, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
Уште малку

Уште малку

Времето
како лицемер
времето како брзинец
времето како рассеана болка
за тебе

Времето како истоштувач
како џелат
времето како старец со бастум и артритис
кога ти си ми во мислите,
кога највеќе треба да те нема

Времето како лек
лек кој ме отупува,
времето како кафе
кое ме отрезнува

Времето како страв
од секундата и минутата
и тебе
во себе

Времето како вечен непријател
и спокој
како грижлив момак со мирис кој смирува
времето клето
што минува

Сигурна сум дека некоја јас
остана таму.
на автобуската,
во клаустофобичната соба,
кај тебе, кога ти кажав дека те сакам,
таму.

Таму сум оставена
и само те молам
уште малку
уште (в)еднаш
уште само миг, една вечна секунда
само
уште
секогаш.

Времето кое вели никогаш…

Автор: Емилија Славковска

Инфо за Падобранци

avatar
Надворешни соработници.