ќе пројде и сабота, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
Во денот кога

Во денот кога

Во денот кога е сончев
замислена и потонота во идеали
еј драга моја надвор е патот
внатре е круг во четири ѕида..
фрли ја кутијата во контејнерот од карши
побарај ја подоле самопослугата
работи таа 24/7.

Насмевките се најгоре
на рафтот со пајажина
не се ниту на попуст
го заборавиле и вработените и сопственикот
обичен декор за обични луѓе.

Во турканиците туркај се и ти
пишувај писма на мобилниот
додека чекаш
да ја украсат насмевката
со розеви панделки и шарена хартија.

Не земај од орбитот на дофат на рака
рокот на употреба,драга моја.
Ти поминува?
Излези и прошетај
животот е убав крешти Андријана на радио
во кафетеријата на другата улица
скитници и кучиња
и по некој филозоф
оснивач на Партија.

Папучари ти посакуваат добар ден
со пола уста ги кријат расипаните заби
а Роберто Бењини и филм ете снимил
за ваквата таканаречена ситуација.

Ееееј таму има тезга циганката гата
во чаша од наут
тегли со мед продава чичето
сал СТАРО КУПУЕМ го нема веќе по улиците
ако има конкурс за неговото испразнето место ќе се пријавам!

Измамив насмевка кај тебе ете убав е денот
само мирисај, гледај и сонувај со отворени очи…

Автор: Марјан Стаменковски

Инфо за Падобранци

avatar
Надворешни соработници.