ќе пројде и среда, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:

за нас

Дезертери од шест платформи и три украдени дневници – собрани во едно Дувло. Елитисти.
Изгуглано O и стари постови (евентуално по некој нов) е она што можеме да и го понудиме на рајата која преферира високо стручна литература со улично потекло. Датабаза све трпи…

Пошто у принцип не се ни трудиме да го задржиме вашето внимание на нашиот сајт, а со тоа и да го зголемиме нашиот Алекса рејтинг како би лапнале банерче… за навек ќе бидете спокојни од pop-up прозорче и шитнат гз за два лајка.

Ако од хоби, љубите лекторирање по социјални мрежи и сте доследни следбеници на правилата на Блаже, тогаш ве молиме притиснете Ctrl+W за чист стандардизиран литературен Македонски.

За сите залутани, евентуално останати патници:
Уметникот, Докторот и Рицарот преку комплексен микс од мајнд гејмс ќе се потрудат да ги претстават животните патешествија на доста реални ликови од нашето опкружување. Сето тоа детално измешано и категоризирано по некоја интерна логика.

Ако некој го занима за напишаното – све е вистина и све е лага. За кого како…

Добродoшли.

Жалби и поплаки :)
kontakt @ duvlo.mk